Арсовска Томовска ќе го отвори првиот Google семинар во Македонија

Скопје, 4 април 2014

На покана на Македонскиот портал за онлајн маркетинг, друштвени мрежи, нови технологии, реклама и SEO – Socialnet.mk, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 5 април 2014 година, сабота, во 12.00 часот, ќе го отвори првиот Google семинар во Македонија.

Настанот е партнер на меѓународната кампања „Девојките во ИКТ“, a ќе се одржи во просториите на Клубот на новинари во Скопје.

Арсовска Томовска на одбележувањето на третиот роденден на ФИНКИ

Скопје, 30 март 2014

По повод одбележувањето на третиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, ќе има обраќање на свеченоста, која се организира на 31 март 2014 година, понеделник, со почеток во 11.00 часот.

Настанот ќе се одржи во Драмскиот театар во Скопје.

Арсовска Томовска ќе го отвори Државниот натпревар по информатика за ученици од средни и основни училишта

Скопје, 21 март 2014

На покана на Здружението на информатичари на Македонија, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 22 март 2014 година, сабота, во 10.00 часот, ќе го отвори XXV Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во зградата на Технолошко - металуршкиот факултет - простории на ФИНКИ.

Посета на систем салата на националната точка за размена на интернет сообраќај

Скопје, 17 март 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски, на 18 март 2014 година, во 12.30 часот, ќе ја посетат систем салата на националната точка за размена на интернет сообраќај MatriX

Настанот ќе се одржи на I кат во зградата на Македонската радиотелевизија.

Најава : Предавање на министерот Ивановски пред студентите на ФИНКИ

Скопје, 13 март 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 14 март 2014 година, петок, ќе одржи предавање пред студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на тема „Бенефитите од искористувањето на Отворените податоци„.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот со почеток во 10.00 часот.

Најава : Ивановски на втората Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија

Скопје, 10 март 2014

На покана на Сојузот на стопански комори и маркетинг агенцијата Goclick и Google, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе има обраќање на втората Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија.

Настанот ќе се одржи на 11 март 2014 година, вторник, во 10.00 часот, во Конгресниот центар Ера на Скопски Саем.

Промоција на компаниите регистрари на националниот домен .mk

Скопје, 24 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ), Сашо Димитријоски, на 25 февруари 2014 година, вторник, во 11.00 часот, ќе ги промовираат компаниите регистрари на националниот домен .mk, со што се обезбедува либерализација на пазарот на домени.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Промоција на новиот концепт за е-седница

Скопје, 22 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски, на 23 февруари 2014 година, недела, ќе го промовираат новиот концепт за е-седница (мултиплатформски систем за колаборација за е – седница).

Настанот ќе се одржи во Дебатната сала на Владата на Република Македонија, со почеток во 11.00 часот.

Најава : Промоција на публикацијата “Стандардите за управување со човечки ресурси”

Скопје, 17 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе се обрати на промоцијата на второто ревидирано издание на публикацијата “Стандардите за управување со човечки ресурси”.

Настанот ќе се одржи на 18 февруари 2014 година, вторник, со почеток од 12.00 часот, во Едукативниот центар М6.

На промоцијата учество ќе земат заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон.

Најава : Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии

Скопје, 4 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, заедно со претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски и генералниот и извршен директор на телекомуникацискиот оператор „Оне“, Цирил Кафол, ќе одржат прес-конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“.

Настанот ќе се одржи на 5 февруари 2014 година (среда), во 12.00 часот, во салата за состаноци на Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги.

Најава : Промоција на првиот пакет на асистивни уреди во бесплатниот интернет клуб во Скопје

Скопје, 2 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 3 февруари 2014 година, понеделник, со почеток во 12.00 часот, ќе го промовира првиот пакет на асистивни уреди за лицата со посебни потреби при работа со компјутери.

Промоцијата ќе се одржи во бесплатниот интернет клуб во Скопје (ул. Македонија бр.3).

Најава : Промоција на Системот за управување со учењето (LMS)

Скопје, 22 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 23 јануари 2014 година, четврток, на прес-конференција ќе го претстави Системот за управување со учењето (LMS) за сите државни службеници.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 12.30 часот.

Најава : Конференција за новиот Закон за општа управна постапка

Скопје, 21 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 22 јануари 2014 година, среда, ќе има обраќање на Конференцијата за два иновативни елементи од новиот Закон за општата управна постапка.

Настанот ќе се одржи во Хипериум / МИДА Бизнис центарот во Скопје, на бул. Осми Септември бр.16, а во 10.15 часот е предвидена изјава од министерот Ивановски за медиумите.

Најава : Работна средба со претставници на ССМ и на КСС

Скопје, 15 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 15 јануари 2014 година, среда, ќе оствари работна средба со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во врска со предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, а во 10.30 часот предвидени се изјави за медиумите.

Најава : Јавна расправа за новиот Закон за електронски комуникации

Скопје, 12 јануари 2014

Министерството за информатичко општество и администрација на 13 јануари 2014 година, понеделник, со почеток во 14.00 часот, организира Јавна расправа по однос на донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации.

Настанот ќе се одржи во во Queen’s хотелот во Скопје (деловен објект Зебра).

Најава : Работна средба со претставници на СОНК и на КСС

Скопје, 10 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 10 јануари 2014 година, ќе оствари работна средба со претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), посветена на предлог-законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, а во 13.30 часот предвидени се изјави за медиумите.

Syndicate content