Најава за прес-конференција

Скопје, 7 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, на 8 јануари 2014 година, среда, во 10.30 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција, на која ќе бидат презентирани заклучоците од последниот работен состанок со синдикатите од јавниот сектор, посветен на Предлог законот за вработени во јавниот сектор и Предлог законот за административни службеници.

Настанот ќе се одржи во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Најава : Доделување на уверенија на вработени во државната управа за завршена обука по англиски јазик

Скопје, 29 декември 2013

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и директорката на Канцеларијата на Британскиот совет во Скопје, Елеонора Запрова, на 30 декември 2013 година, понеделник, во 11.00 часот, ќе ги доделат уверенијата на вработените во државната управа за завршената обука по англиски јазик.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

Најава : Конференција „Управување со квалитет во државниот сектор„

Скопје, 24 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација на 25 декември 2013 година, среда, ја организира Конференцијата „Управување со квалитет во државниот сектор„ на која ќе се претстават основните начела и начинот на спроведување на ISO стандардот и CAF моделот.

Настанот ќе се одржи во Сити Хол Центарот во Скопје (МКЦ), a во 09.30 часот е предвидена изјавa медиумите од министерот Иво Ивановски.

Најава : Прес-конференција за нацрт-законите за медиуми

Скопје, 21 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, денес, 21 декември 2013 година, сабота, во 11.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција за текот на преговорите околу нацрт-законите за медиуми.

Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје.

Најава : Министерот Ивановски на Конференцијата „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација„

Скопје, 4 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 декември 2013 година, четврток, во 11.00 часот, ќе учествува на Конференцијата „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација„ на која ќе се презентираат целите на проектот за ИПА обуки финансиран од ЕУ.

Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

Најава : Министерот Ивановски на Регионална Microsoft конференција за јавен сектор во Скопје

Скопје, 4 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 декември 2013 година, четврток, во 09.00 часот, ќе ја отвори дводневната Регионална Конференција – „Вистински импакт за подобро владеење“, организирана од Microsoft во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Конференцијата се одржува во хотелот Александар Палас во Скопје.

Најава : Презентација на новите решенија по однос на законите за администрација

Скопје, 1 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, на 2 декември 2013 година, понеделник, во 14.00 часот, ќе одржи презентација на новите решенија по однос на законите за администрација. По презентацијата ќе се отвори дискусија за прашања поврзани со нив. Настанот ќе се одржи во хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје.

Најава : Арсовска Томовска на Регионален форум за развој во Белград

Скопје, 24 ноември 2013

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 25 ноември 2013 година, понеделник, ќе престојува во работна посета на Белград, каде на покана на Владата на Република Србија и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), ќе се обрати на Регионалниот форум за развој, како претставник на Владата на Република Македонија.

Најава : Прес-конференција на министерот Ивановски со потпретседателот на Интел, Џон Дејвис

Скопје, 7 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 8 ноември 2013 година, петок, во 12.30 часот, ќе одржи прес конференција со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Јавна расправа за новиот Закон за електронски комуникации

Скопје, 5 ноември 2013

На 6 ноември 2013 година, среда, во Клубот на пратеници, со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи Јавна расправа по однос на донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации, која ќе ја води министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Најава : Министерот Ивановски на претставувањето на ИПА проектот на АЕК и СРД

Скопје, 4 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 ноември 2013 година, вторник, ќе се обрати на настанот за претставување на проектот „Зајакнување на капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги„.

Настанот ќе се одржи во просториите на Информативниот центар на ЕУ во Скопје, во 11.00 часот.

Најава : Mинистерот Ивановски на Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон

Скопје, 30 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 31 октомври и 1 ноември 2013 година, ќе учествува на Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон.

На собирот ќе присуствуваат високи владини претставници, експерти и активисти од граѓанското општество, бизнис лидери и претставници на меѓународни организации, како што се Светската банка, Организацијата за економска соработка и развој, УНДП и Интер-американската банка за развој.

Најава : Арсовска–Томовска на Кампот за мобилни апликации и технологии, Mobile AppCamp

Скопје, 25 октомври 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 26 октомври 2013 година, сабота, во 12.30 часот, ќе се обрати на вториот по ред Камп за мобилни апликации и технологии, Mobile AppCamp. Настанот ќе се одржи на Скопски Саем МБЦ.

„Mobile AppCamp“ е дводневен настан кој на едно место собира програмери и претприемачи на мобилни апликации, бизнис експерти, технолошки иноватори, инвеститори и медиуми.

Најава : Арсовска – Томовска на Oтворените денови на СЕЕИТА

Скопје, 24 октомври 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 25 октомври 2013 година, петок, во 09.00 часот, со воведно обраќање ќе го отвори вториот ден од Конференцијата за Е-влада и отворените денови на СЕЕИТА.

Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а се организира во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Најава : Ивановски на Конференција за Е-влада

Скопје, 23 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 24 октомври 2013 година, четврток, во 09.30 часот, ќе има обраќање на Конференцијата за Е-влада.

Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а се организира во соработка со Француската амбасада во Република Македонија.

Најава : Презентација на концептот „Менаџмент етика„ за унапредување и реформи на администрацијата

Скопје, 20 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 октомври 2013 година, понеделник, во 13.00 часот, ќе се обрати на настанот за презентација на новиот концепт „Менаџмент етика„, на кој ќе учествуваат раководни лица од администрацијата, министри, директори на органи, институции, болници, претпријатија, трговски друштва, членови на управни и надзорни одбори, раководители на сектори во институциите и органите.

Настанот ќе се одржи во просториите на Метрополис Арена во Скопје.

Syndicate content